Осигурување на домаќинство

  • Осигурувањето на домаќинството е една од најважните полиси кои би требалода ги обезбедиме. Законот не не обврзува, но квалитетното осигурување на домаќинството едноставно е умна и логична работа. Она што веруваме дека нема никогаш да ни се случи, се случува.

Со полисата за осигурување на домаќинството може да се обезбеди надомест на загубата, доколку домот (стан, куќа, викендица, деловен простор…) е оштетен, мебелот и покуќнината се украедни, некој е повреден или е потребно привремено сместување.

Осигурување од пожар и други опасности

    Илјадници луѓе страдаат во пожар во својот дом или деловен простор. Само во текот на минатата година во Македонија од пожар беа сериозно оштетени десетина вредни објекти. Но и натаму малкумина, индивидуалци или институции, ги преземаат сите неопходни мерки на претпазливост и заштита. Посегнете барем по една алатка која ќе ве поштеди од загуба

    Осигурете се !

    Предмет на осигурување: недвижности и подвижни предмети. Градежни објекти, куќи, станови, викендици, канцеларии или други деловни објекти, фабрики, опрема, вградена механичка опрема и вградени инсталации, машини, мебел, инсталации, пари, резерви од стока и други предмети.

  • Пожар и удар од гром

  • Експлозија

  • Силен ветер

  • Град

  • Излевање од водоводна, топлотна и канализациска инсталација

  • Паѓање на воздушни летала

  • Манифестации и демонстраци


Со дополнителна премија за осигурување може да се осигурате и од следните ризици: Поплава, порој и високи води, слегнување на тло, лизгање и одронување на земјиште, снежна лавина, удар од непознато моторно возило во осигурениот градежен објект, истекување, самозапалување на залихи, истекување на вжарена течна растопена маса.

Осигурување од провална кражба и разбојништво

  • Сигурно не сакате некој да го „чешла“ вашиот дом додека спиете. Или да заминете на патување со постојана мисла за безбедноста на вашите лични предмети, накит, пари, уметнички украси…Секако не сакате она што сте го купиле со љубов да му го отстапите на разбојникот од соседството.
  • Заштите ги своите добра од провалниците – осигурете ги! Предмет на осигурување: подвижни предмети, опрема, мебел, резреви од стока, пари и пари при пренос, хартии од вредност, други вредни предмети…

Осигурени опасности:

  • Осигурувањето ги покрива штетите направени при провална кражба и разбојништво.

  • Осигурувањето ги покрива штетите направени при провална кражба и разбојништво како и при обид за кражба.

    Покриени се и штетите направени на градежните објекти при провална кражба и разбојништво.

    Осигурување на посеви и плодови

  • Град, пожар, удар од гром….Земјоделството е постојано изложено на ненадејни временски непогоди кои можат значително да ги намалат приносите. Трошоците за вакви непогоди во иднина не се исклучува да се зголемат како резултат на глобалните климатски промени, а тоа може да резултира со уште поголема финансиска нестабилност на руралните подрачја во Македонија.

    НОВА АД нуди земјоделско осигурување како една од финансиските алатки која фармерите можат да ја искористат за да го ублажат ударот од непредвидливите ризици.

    Осигурете ги посевите (вклучувајќи посртни, подпосеви и меѓупосеви), плодовите, ливадските треви, лековитите билки, украсните растенија, овоштарниците и лозјата, младите овоштарници и лозја пред појавувањето на род, расадниот материјал (овошен, лозов или шумски), младите шумски култури до наполнети 6 години, врбите за плетење и трските.

    • Ризици на осигурување
    • • Од основни ризик – град, пожар, удар од гром;

      • Од дополнителни ризици – олуја, пролетен мраз, губење на квалитет на производот и поплава.

    • Посебни видови на осигурувања

      • Осигурување на посеви и плодови од губење на семенскиот квалитет

      • Осигурување на лозови пењушки

      • Осигурување на овошни плодови и трпезно грозје од губење на количеството и квалитетот.

      • Осигурување на посеви и плодови во оранжерии и пластеници

    • Посебни видови на осигурувања

      • Осигурување на посеви и плодови од губење на семенскиот квалитет

      • Осигурување на лозови пењушки

      • Осигурување на овошни плодови и трпезно грозје од губење на количеството и квалитетот.

      • Осигурување на посеви и плодови во оранжерии и пластеници

    На која вредност се плаќа премија?

    Премијата се плаќа на сумата на осигурување која се утврдува врз основа на очекуваниот принос по еден хектар и цената по еден килограм. Сумата на осигурување по единица површина помножена со вкупната површина преставува осигурена сума на која се применува премиската стапка.

    Цел на овој вид осигурување

    Со осигурување на посевите и плодовите го заштитувате својот труд, земјоделските култури и приносите од опасностите кои се закануваат во различни сезони од годината.

    Осигурување на машини од кршење

    Секој бизнис е онолку безбеден колку што се безбедни алатките за работа. Една од најдобрите алатки за заштита на Вашата дејност и имотот е – осигурувањето!

    • Предмет на осигурување: машини и машински уреди, електрична опрема и други уреди, лифтови, гасоводи, цевководи, котли и др.
    Осигурени опасности:
  • Cо осигурувањето се надоместува ненадејна и непредвидлива физичка штета или оштетување за кое треба да се изврши поправка или замена на осигурените предмети.
  • Механичко расипување:
  • Грешки во конструкцијата, материјалот или изработката
  • Дејство на електрична енергија (куса врска, индиректен удар на гром)
  • Откажување на сигурносните и регулационите уреди
  • Паѓање и превртување
  • Сигурување на објекти во градба

    • Предмет на осигурување: објекти во градба (новоградби, реконструкции, санациии. градежен и инсталациски материјали, опрема која е наменета за вградување во објектот.

    Осигурени опасности:

    • Пожар и некои други опасности
    • Спуштање на тло
    • Снежна лавина
    • Мраз и снег
    • Градежна незгода
    • Неспретност, невнимание или лоша намера на работникот или друго лице.Со дополнителна премија за осигурување може да се осигурате од следните дополнителни ризици
    • Одронување на земјиште
    • Одговорност од дејност на изведувачот према трети лица
    • Осигурување на градежни работи во гарантен рок
    • Провална кражба

    Oсигурување на стакло од кршење

    • Предмет на осигурување: Подвижни и неподвижни стакла, стакло на прозорци и врати, расветни и рекламни натписи, паноа, плочи од природен и вештачки камен на пултови, полици, огледала, споменици и др.
    • Осигурени опасности: кршење од кои било причини. Кај неонските и другите светлечки цевки – предизвикана штета од дејство на електрична струја ( краток спој), гром, палење на каблите, грешка во конструкцијата…

    Oсигурување на животни

      Животните се осигураат од

    • Основни ризици: пцовисување, принудно колење или погубување поради болест или несреќен случај, Дополнителни ризици кои можат да се вклучат заедно со основниот ризик: осигурување на машки приплодни грла од губиток на приплодната способност, губење на теле или ждребе при породување, осигурување од ризикот губиток на приплодната способност на јуници и крави.

    Што може да биде предмет на осигурување?

    • Животните во целина, а не нивните производи

    • Сите врсти на одгледувани животни

    • Некои видови на диви животни

    НАСТАНИ И НОВОСТИ

    banking Повеќе

    Дводневна обука во Велес

    Друштвото за осигурување НОВА АД Скопје, во текот на викендот одржа интерактивна обука за сите вработени во компанијата. Потребата за надоградба на знаењето од осигурување како основен елемент и предуслов за успешна продажба, во согласност и со долгорочните цели на компанијата, за остварување [...]

    Асоцијација за е-трговија на Македонија

    Друштво за осигурување НОВА ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, како членка на Асоцијација за е-трговија на Македонија со свој претставник учествуваше на дводневна тренинг обука “Ladies in e-commerce” која покриваше голем дел од аспектите на е-трговијата и кои сметаме дека ќе придонесат на нудење на подобри услуги на нашите клиенти и развивање на онлајн понудата на нашите услуги.

    Контактирајте не

    Email-image
    емаил info@nova.com.mk
    Email-image
    Контакт центар 155 66
    Email-image
    Сектор штети steti@nova.com.mk

    Ви благодариме Наскоро нашите агенти ќе ви враќаат одговор