ЦМР

  • Осигурување од одговорност на превозникот (CMR)

    Како предмет на транспортно осигурување може да биде и одговорноста на сопствениците на стока или на превозните средства – што уште се нарекува осигурување од одговорност на превозникот. Со ова осигурување носителот на полиса ја осигурува својата одговорност како превозник кон корисниците на превозот – за докажана, делумна или целосна загуба, оштетување или задоцнување на пратките во домашниот и меѓународниот превоз, преземени со товарен лист или договор. Премијата за осигурување зависи од висината на осигурителното покритие и се утврдува со полисата за осигурување.

ТРАНСПОРТ

    Транспортно осигурување Овој продукт предвидува осигурување на сите стоки поединечно, по пратки или по видови (на годишно ниво) во домашниот и во меѓународниот транспорт. При тоа на клиентите кои се занимаваат со увоз и извоз на стоки им се нуди можност преку АЛБСИГ АД Скопје, со квалитетно осигурително покритие за стоките во транспортот, да бидат континуирано осигурени од најразлични потенцијални ризици до кои може да дојде при превозот по копнен, морски и воздушен пат.

    Осигурени ризици на стока во транспорт

    Предмет на осигурување се ризиците кои можат да се јават при превоз на стока, кои можат да влијаат за нејзино оштетување:

    1. Основни транспортни ризици: виша сила, елементарни непогоди, пожари, самозапалување и експлозии, сообраќајни несреќи и разбојништво.

    2. Дополнителни ризици: кражба и неиспорака, манипулативни ризици (невнимание при утовар, истовар и претовар, кршливост, расипливост и слично) и други ризици.

    3. Штети поради недостатоци и природни својства на стоката: лесна кршливост и растурливост, оксидација, инсекти, микроорганизми и слично.

    4. Воени и политички ризици како немири, побуни, револуции, политички одлуки…

  • Полиса за осигурување на стока во превоз која овозможува осигурување на транспортот

    По комплетирањето на податоците за осигуреникот, видот и количеството на стока, начинот на пакување, вредноста на стоката, валутата, превозниот пат (домашен или меѓународен), копнен (камионски или железнички), воден (поморски, речен или езерски) и воздушен, како и по дефинирањето на релацијата и времето на осигурување со почетна и крајна точка на патувањето (од моментот на утовар на стоката до моментот на истовар, од моментот на предавање на стоката на превозник до моментот на испораката, од моментот на напуштање на складот на испраќачот до моментит на пристигнување на стоката во складот на примачот) се изработува:

-поединечна полиса за осигурување на секоја одделна пратка на стока која најмногу е употребувана во меѓународниот транспорт на стоки или

-генерална полиса која покрива осигурување на различни видови стоки преку разни релации и насоки и комбинирани транспортни средства, а која се издава на определен временски рок

– најчесто на 12 месеци и која опфаќа повеќе патувања.

НАСТАНИ И НОВОСТИ

banking Повеќе

Дводневна обука во Велес

Друштвото за осигурување НОВА АД Скопје, во текот на викендот одржа интерактивна обука за сите вработени во компанијата. Потребата за надоградба на знаењето од осигурување како основен елемент и предуслов за успешна продажба, во согласност и со долгорочните цели на компанијата, за остварување [...]

Асоцијација за е-трговија на Македонија

Друштво за осигурување НОВА ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, како членка на Асоцијација за е-трговија на Македонија со свој претставник учествуваше на дводневна тренинг обука “Ladies in e-commerce” која покриваше голем дел од аспектите на е-трговијата и кои сметаме дека ќе придонесат на нудење на подобри услуги на нашите клиенти и развивање на онлајн понудата на нашите услуги.

Контактирајте не

Email-image
емаил info@nova.com.mk
Email-image
Контакт центар 155 66
Email-image
Сектор штети steti@nova.com.mk

Ви благодариме Наскоро нашите агенти ќе ви враќаат одговор