АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

  • Со осигурувањето од автомобилска одговорност е покриена граѓанско-правната одговорност за штети причинети кон трети лица, при употреба на моторно возило. Toa практично значи дека штетата што ќе ја предизвика возачот (осигурн од автоодговорност во моментот на настанување на штетата) кон трето лице, нама да биде на негов товар, туку на осигурителната компанија од која е издадена неговата полиса. Покрај основното осигурување од автомобилска одговорност може да договорите и: -Дополнително осигурување од последица на несреќен случај за возачот и патниците; -Осигурување на делумно каско (стакла).

ЗЕЛЕН КАРТОН

    Што претставува зелената карта? Зелената карта е полиса за осигурување од автомобилска одговорност во државите членки на системот „Зелена карта“. Важи во повеќе од 40 земји, меѓу кои сите членки на Европската Унија. Зелената карта е услов за влез со моторно возило со македонски регистарски таблички во друга држава. Доколку не поседувате Зелена карта ќе треба да платите „гранично осигурување“ кое во основа е поскапо.

    Историја на Зелената карта

    Економската комисија за Европа при Обединетите Нации во 1949 година ја усвои таканаречената „Препорака бр.5“ упатена до сите европски земји со предлог за склучување договори кои би овозможиле осигурување од договорност за штети предизвикани од возило при посета на странска земја. Препораката број 5 за прв пат спомнува потреба од доказ за осигурување, како потврда дека корисникот на моторното возило е осигурен од граѓанско-правна одговорност за штета предизвикана со употреба на возило кон трети лица во странска земја. Во точка 8 од документот се нагласува дека доказот за осигурување ќе биде со зелена боја. Така се роди Зелената карта. Зелената карта како доказ за осигурување се спомнува и во Критскиот договор од 2003, како „меѓународна карта за осигурување од автоодговорност“ во форма одобрена од Советот на бироа со седиште во Лондон (www.cobx.org). Овој документ стана темел за остварување на правата во меѓународната осигурителна заштита.

  • Како функционира?

    Националното биро на Македонија, како член на Системот на земји членки на Зелената карта, во средината на 1994 година ја презеде одговорноста за печатење и издавање на овој документ, додека осигурителните компании вршат негова продажба и ги исполнуваат правата и обврските кои произлегуваат од издадените Зелени карти. Периодот на валидност на Зелената карта е ограничен со времето на валидност на полисата за осигурување од домашна автоодговорност. За разлика од полисата за осигурување од домашна автоодговорност, а во полза на правната сигурност на оштетените, осигурувањето кај Зелената карта во целост ги покрива двата наведени дена – и денот од кога почнува и денот кога изминува важноста на осигурувањето. Со воведување на Системот на Зелена карта се изедначува положбата на третите лица на кои им е нанесена штета при употреба на моторни возила со странска регистрација со положбата на трети лица на кои им е нанесена штета при употреба на моторно возило со домашна регистарска табличка.

  • Што треба да сторите во случај на сообраќајна незгода во странство?

    1. Доколку за сообраќајката е одговорно лице во возилото со странска регистрација, задолжително побарајте ја копијата ( вториот примерок) од неговата Зелена карта или од полисата за осигурување од домашна автоодговорност. Вашето барање за надомест на штета упатете го до компанијата каде што е осигурено возилото кое Ви нанесло штетата.

    2. Во случај кога Вие сте виновен/а за сообраќајната несреќа Ваша обврска е по барање на другиот учесник или органот кој врши увид, да ја приложите копијата ( вториот примерок) од Зелената карта.

    Како наш осигуреник имате обврска во најкус можен рок да не известите за околностите кои довеле до незгодата и за штетата што сте ја предизвикале.

  • Што во случај на сообраќајна незгода во Македонија?

    Доколку на територијата на Република Македонија Ви се случи сообраќајна незгода со возило со странска регистрација, Ваше право е да побарате копија ( втор примерок) од Зелената карта на другиот учесник или од надлежниот орган кој врши увид. Тоа ќе Ви овозможи побрзо и полесно да ја надоместите штетата. Барањето за надомест може да го поднесете до Националното биро за осигурување на Македониј, односно до осигурителната компанија која ќе биде посочена од оваа институција.

КАСКО

Поим за потполно каско осигурување

Каско значи осигурување од штета на сопственото моторно возило. Оваа полиса всушност ги покрива и штетите за кои можеби Вие сте одговорни. За разлика од осигурувањето од автомобилска одговорност, каско осигурувањето не е задолжително – што значи дека осигуреникот може доброволно да ја склучи полисата со намера моторното возило да го заштити од најразлични оштетувања.

Осигурени ризици

Со потполно каско осигурување се надоместуваат штети на моторните возила предизвикани од следните ризиц

  • сообраќајна незгода: превртување, судар, удар, лизгање, урнување и слично;
  • удар од предмет, освен кај работните машини доколку за нив не е платена премија за осигурување од кршење;
  • ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство;
  • удар од гром;
  • улуња (под луња се смета ветер со брзина од 17,2 м/сек, односно 62 км на час, јачина од 8 степени по Бофоровата скала или повеќе); град; снежна лавина;
  • Со осигурувањето се опфатени и штети предизвикани од дејство на:

  • воздушен притисок од снежни лавини.
  • паѓање на воздушни летала;
  • манифестации и демонстрации;
  • кражба, противправно одземање на возило и разбојништво во сите земји во Европа ( само доколку е платена дополнителна премија)
  • злонамерни постапки или обест на трети лица;
  • оштетување на тапацирот во осигуреното возило предизвикано при давање помош на лица кои се повредени во сообраќајна несреќа или на друг начин;
  • намерно предизвикување штета на осигурениот предмет со цел да се спречи поголема штета на тој или друг предмет или лица;
  • поплава, порој и високи води.

Осигурување на дополнителна опрема

cо доплата на премија може да се осигури и дополнителна опрема, приклучни уреди, резервни делови што не се сметаат за составен дел на возилото (во смисла на условите за осигурување на авто-каско), радиоапарати, грамофони, магнетофони и телевизори во возилото, рекламни и други натписи во и на моторното возило, патни колекции и примероци, алат кој служи за вршење на занаетчиска дејност и сл.

Дополнително осигурување од незгода

Со ова осигурување се покриваат штетите предизвикани на возачот и сопатниците во случај на: загуба на живот, инвалидитет, трошоци за лекување и дневен надомест за боледување.

Осигурување од ризик кршење

Со осигурување од опасноста да дојде до кршење можат да бидат опфатени влечни возила и работни превозни средства, работни уреди на товарните возила, автобуси, приколки, работни возила и радиостаници вградени во превозните средства.

ГРАНИЧНО ОСИГУРУВАЊЕ

На која вредност се плаќа премија?

Полисата за автоодговорност е всушност полисата која мора да ја извадите за да го регистрирате Вашето возило за учество во сообраќајот. Со оваа полиса одите на технички преглед и врз основа на неа и на техничкиот преглед добивате печат на сообраќајната кој е потврда дека возилото е регистрирано. Инаку, со ова осигурување се осигурува одговорноста на сопственикот, односно корисникот на моторното возило за штетите кои ќе ги причини на трети лица со користење на возилото. Со извадена полиса во Винер Осигурување, нашата компанија наместо Вас ќе ги надомести сите материјални и нематеријални штети кои ќе ги нанесете на трети лица, поради сопствена грешка, со што сте заштитени од трошоците за надомест на штетата на оштетениот. Предмет на осигурувањето од автоодговорност можат да бидат и патниците во возилото со кое управувате, како и стаклата на истото.

НАСТАНИ И НОВОСТИ

banking Повеќе

Дводневна обука во Велес

Друштвото за осигурување НОВА АД Скопје, во текот на викендот одржа интерактивна обука за сите вработени во компанијата. Потребата за надоградба на знаењето од осигурување како основен елемент и предуслов за успешна продажба, во согласност и со долгорочните цели на компанијата, за остварување [...]

Асоцијација за е-трговија на Македонија

Друштво за осигурување НОВА ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, како членка на Асоцијација за е-трговија на Македонија со свој претставник учествуваше на дводневна тренинг обука “Ladies in e-commerce” која покриваше голем дел од аспектите на е-трговијата и кои сметаме дека ќе придонесат на нудење на подобри услуги на нашите клиенти и развивање на онлајн понудата на нашите услуги.

Контактирајте не

Email-image
емаил info@nova.com.mk
Email-image
Контакт центар 155 66
Email-image
Сектор штети steti@nova.com.mk

Ви благодариме Наскоро нашите агенти ќе ви враќаат одговор