Во НОВА Осигурување АД Скопје при исплатата на средствата за надомест на штета се придржуваме до начелото на солидарност и законитост. Договорените и неспорни штети ги исплаќаме веднаш, односно најдоцна за 14 дена од денот на решавање на случајот.

При поголеми штети исплаќаме аконтација пред конечната пресметка за висината на вкупната штета. Основна функција на осигурувањето е соодветен и брз надомест за претрпената штета, а нашата компанија строго се држи до тие принципи.

Vi blagodarimenaskoro ke dobivate odgovor

Прашања и коментари

Ако Ви се допаѓа нашата работа, или сметате дека нешто би можеле да сториме подобро, ако сакате да не прашате нешто или пак имате забелешка, пишете ни на адреса:

Постапка за пријавување на штета

    Во случај на сообраќајна незгода со возило со македонски регистарски таблички, при што причинителот/одговорниот за незгодата има полиса во НОВА Осигурување АД Скопје, треба да се поднесе барање за надомест на штетата во Дирекцијата во Скопје или во најблиската филијала низ Македонија.

    НОВА Осигурување во најкус можен рок ќе изврши проценка и пресметка за претрпената штета и ќе ја надомести.

Образци за пријавување штета

Пријава на штета за патничко осигурување

  • Полиса Пасош од оштетениот – фотокопија од сите страни кои докажуваат времетраење на престојот надвор од Македонија во периодот на скаденца на полисата,
  • Лекарска документација во оригинал,
  • Трансакциона сметка – копија,
  • Фактура/и
  • Авиокарти,
  • Извештај за доцнење багаж или лет

Формулар за пријава на штета за патничко осигурување

Пријава на штета од провална кражба и разбојништво

  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Документ за лична идентификација (за физички лица) – на увид,
  • Записник (потврда) од МВР во оригинал,
  • Детална изјава од лицето кое прво ја забележало кражбата,
  • Трансакциона сметка – копија;
Формулар за пријава на штета од провална кражба и разбојништво

Пријава на штета од несреќен случај

  • Полиса (освен за колективно осигурување на работници/ ученици/ студенти),
  • Лична карта од оштетениот – на увид,
  • Лекарска документација во оригинал,
  • Записник од МВР – по потреба,
  • Трансакциона сметка – копија;
Формулар за пријава на штета од несреќен случај

Пријава на штети од одговорност на превозникот – ЦМР

  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
Формулар за пријава на штети од одговорност на превозникот – ЦМР

Пријава на штета по домаќинско осигурување

  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Документ за лична идентификација (за физички лица) – на увид,
  • Записник (потврда) од МВР во оригинал,
  • Детална изјава од лицето кое прво ја забележало кражбата,
  • Трансакциона сметка – копија;
Формулар за пријава на штета по домаќинско осигурување

Пријава на штети по кршење стакло

  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
Формулар за пријава на штета по кршење стакло

Пријава на штета од несреќен случај ученици и студенти

  • Полиса (освен за колективно осигурување на работници/ ученици/ студенти),
  • Лична карта од оштетениот – на увид,
  • Лекарска документација во оригинал,
  • Записник од МВР – по потреба,
  • Трансакциона сметка – копија;
Формулар за штета од несреќен случај ученици и студенти

Пријава за штета од пожар и некои други опасности

  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Документ за лична идентификација (за физички лица) – на увид,
  • Записник (потврда) од МВР во оригинал,
  • Записник од противпожарна служба – во оригинал,
  • Детална изјава од лицето кое прво ја забележало кражбата,
  • Трансакциона сметка – копија;
  • Документација која ја докажува висината на штетата – во оригинал;
Формулар за пријава за штета од пожар и некои други опасности

Пријава за штета каско

    Каско на М/В

  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Сообраќајна дозвола од оштетеното возило,
  • Возачка дозвола на возачот,
  • Полномошно за управување – доколку осигуреникот – оштетениот е правно лице или сопственик на возилото е лизинг компанија,
  • Лична карта од возачот на оштетеното возило – на увид,
  • Трансакциона сметка – копија,
  • Записник од МВР или ЕИ (зависно од видот на штетниот настан) – во оригинал;
  • Делумно каско на М/В

  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Сообраќајна дозвола на оштетеното возило,
  • Возачка дозвола на сопственикот на оштетеното возило,
  • Лична карта на возачот на оштетеното возило – на увид,
  • Трансакциона сметка – копија или наведена во барањето
  • Полномошно за управување – доколку осигуреникот – оштетениот е правно лице или сопственик на возилото е лизинг компанија
  • Записник од МВР (зависно од видот на штетниот настан) – во оригинал
Формулар за пријава за штета каско

Пријава за штета од АО- Нематријална

  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Документ за лична идентификација (за физички лица) – на увид,
  • Записник (потврда) од МВР во оригинал,
Формулар за пријава за штета АО- Нематријална

Пријава за штета машини

  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Документ за лична идентификација (за физички лица) – на увид,
  • Записник (потврда) од МВР во оригинал,
  • Детална изјава од лицето кое прво ја забележало кражбата,
  • Трансакциона сметка – копија;
  • Потврда од ЕВН за прекин во напојување доколку тоа е причина за штетниот настан,
Формулар за пријава за штета од пожар и некои други опасности

Пријава за штета посеви и плодови

  • Полиса (или број на полиса) – фотокопија
  • Документ за лична идентификација (за физички лица) – на увид,
  • Записник (потврда) од МВР во оригинал,
  • Трансакциона сметка – копија;
  • Потврда од ЕВН за прекин во напојување доколку тоа е причина за штетниот настан,
Формулар за пријава за штета од пожар и некои други опасности

Примена на Европскиот извештај за сообраќајна незгода

Европскиот извештај за сообраќајна незгода е унифициран образец кој се пополнува во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета, а го пополнуваат учесниците во сообраќајната незгода без присуство на овластен полициски службеник.

Европскиот извештај не ја утврдува вината на учесниците во сообраќајната незгода. Со него се утврдуваат начинот и околностите под кои се случила незгодата.

Постојат исклучоци во примената на Европскиот извештај во случај на мала материјална штета. Учесниците во сообраќајната незгода се должни да повикаат полиција во случаи кога:

• едно од возилата нема регистарски таблички или не е осигурано;

• еден од возачите е под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции;

• еден од возачите не поседува соодветна возачка дозвола;

• во сообраќајната незгода има повредени лица;

• возачите не можат да ги усогласат мислењата во врска со начинот и околностите под кои се случила сообраќајната незгода;

• еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци, односно податоците за возилото или

• еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода.

Мала материјална штета

Во согласност со чл. 2 т. 95 од Законот за Безбедност во сообраќајот на патиштата - мала материјална штета во сообраќајна незгода е:

"Штета настаната на објекти и на возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување и запирање, а возилата можат самостојно да се движат по патот".

Контактирајте не

Email-image
емаил info@nova.com.mk
Email-image
Контакт центар 155 66
Email-image
Сектор штети steti@nova.com.mk

Ви благодариме Наскоро нашите агенти ќе ви враќаат одговор