За Нас

Не знаеме што не чека зад аголот. Но знаеме дека одлуките што ги носиме денес можат да бидат клучни за нашиот живот утре. Со осигурителните полиси на НОВА АД Скопје заштитите се од ненадејни невољи - Вие, семејството, бизност и предметите што ги сакате... Една грижа помалку! Друштвото за осигурување НОВА АД Скопје е компанија за неживотно осигурување со постојан раст, присутна на македонскиот пазар од 2007 година Нудиме квалитетни продукти и високи стандарди во комуникацијата со клиентите - индивидуалци, мали и средни претпријатија и институции. Се стремиме кон зголемување на нашето присуството на пазарот, постојано адаптирајќи ја понудата кон динамиката на живот и работа во Македонија. Стручноста на преку 100-те вработени се рефлектира низ услугите и осигурителните решенија прилагодени кон потребите на секој клиент, конкурентни, применливи, ефикасни и исплатливи. Негувајќи култура на доверба и успех, ние во НОВА АД секогаш сме им посветени на осигурениците, унапредувајќи го угледот и растот на компанијата. Илјадници клиенти се уверија во ова и одлучија со нас да градат партнерски односи, на долги патеки... Сакаме во овие несигурни времиња да им помогнеме на луѓето да ја разберат потребата и да се заштитат од ризици - себеси, семејството, имотот и работата. Сакаме да Ви помогнеме да живеете барем со една грижа помалку. Затоа, осигурете ја својата иднина... уште денеска! Седиштето на НОВА АД е во Скопје, но дејствуваме низ цела Македонија преку подружниците во 20-тина градови. Нашите осигурителни продукти се нудат и преку брокерски друштва, лиценцирани застапници и голем број туристички агенции во земјата.

Вредности и заложби на НОВА

Ние во НОВА АД Скопје сме горди на приоритетите и вредностите на нашата компанија

– Интегритет: фокусираност кон клиентите со отворен, искрен и фер однос. Доследна примена на законската регулатива, прописите и внатрешните правила.

– Отворени кон промените: за да бидеме успешни постојано се развиваме и прифаќаме промени. Ги слушаме реакциите на нашите осигуреници и секогаш сме отворени за искрен дијалог.

– Професионалност: гарантираме дека секогаш ќе наидете на стручен, а истовремено топол пристап во контактите со нашата компанија на сите нивоа. Се стремиме кон највисок квалитет и постојано унапредување во се што работиме.

– Тимска работа: функционираме како еден тим…како еден НОВА! Ги вреднуваме разноликоста и талентот на нашите вработени и инвестираме во нивната обука. Сфаќаме дека нашиот успех се должи на искуството и знаењето внесено во комапнијата од секој член на тимот поединечно.

– Испорачуваме квалитет: целта ни е секој клиент да добие ефикасна услуга…и нешто повеќе! Тоа е нашата мерка за квалитет. Ги цениме Вашите пари, времето и довербата!

Стратегија

Стратегијата на НОВА АД Скопје е да постигнеме профитабилност и стабилен раст преку комбинација од мерки за зголемување на ефикасноста, одговорно управување со нашето портфолио, проширување на пазарот и унапредување на понудата. Се стремиме кон строга финансиска дисциплина за брзо и квалитетно решавањето на штетите. Го познаваме реалниот живот, затоа креираме исплатливи продукти кои ќе ви ги намалат грижите – сега и во иднина!

Понуда

Друштвото за осигурување НОВА АД е основано и раководено од деловни луѓе со исклучително богато искуство во осигурителната индустрија. Целта што тие заеднички си ја поставија е да понудат решенија кои клиентите ќе ги поштедат од непотребни трошоци, бркотници и непознаници при купувањето финансиски продукти и услуги. Во пакетот осигурителни полиси на НОВА АД влегуваат сите видови неживотно осигурување. Еден од најпродаваните продукти е осигурувањето од автоодговорност, но се повеќе расте бројот на корисниците на зелен картон, каско осигурување, осигурување на имот од пожар, кражби, патничко-здравствено осигурување, осигурување на градежни објекти, осигурување од одговорност и незгоди… Во зависност од динамиката со која се менува стилот на живеење НОВА АД Скопје постојано креира нови и флексибилни решенија.

Раководен тим на НОВА Осигурување АД Скопје:

Доколку сакате да стапите во контакт со раководниот тим на НОВА Осигурување АД Скопје користете го следните интернет адреси:

Г-дин Булент Каран

Претседател на Одбор на директори

Г-дин Ибрахим Окан Чаглар

Неизвршен член на Одбор на директори

Г-дин Беркан Имери

Неизвршен член на Одбор на директори

Славчо Таушанов

Извршен член на Одбор на директори

Дритон Емини

Директор на Сектор за финансии

Славчо Таушанов

Директор на Сектор за штети

Контактирајте не

Email-image
емаил info@nova.com.mk
Email-image
Контакт центар 155 66
Email-image
Сектор штети steti@nova.com.mk

Ви благодариме Наскоро нашите агенти ќе ви враќаат одговор